Хамас истрела ракети во Средоземното Море како предупредување кон Израел

Од:

Припадници на палестинското движење Хамас денеска од Појасот Газа истрелаа ракети во Средоземно Море. Според очевидци Хамас истрелал осум ракети, а за палестинското Министерство за внатрешни работи тоа е „акт на отпор“.

Неименуван претставник на Хамас изјави дека ракетите се порака за Израел дека вооружените организации во Појасот Газа, кои се соочени со агресија од Израел, нема да молчат.

Минатата недела трипати беа пуштани балони со запаливи материјали од Појасот Газа во Израел, а израелската армија одговори со напади врз позициите на Хамас.

Израел и Хамас досега трипати војуваа во 2008, во 2012 и во 2014 година. И покрај договорот за примирје, постигнат минатата година со посредство на Обединети нации, Египет и Катар, двете страни спорадично се судираат. Екстремистите од Појасот Газа истрелуваат ракети, минофрлачки проектили и пуштаат запаливи балони, а Израел воглавно одговара со напади од воздух.

Според палестинските аналитичари, нападите од Појасот Газа често имаат за цел да извршат притисок врз Израел за да ја одобри финансиската помош од Катар.

Според податоци на Светска банка, пред пандемијата со новиот коронавирус 53 отсто од жителите на Појасот Газа живееле под граница на сиромаштијата, а сега, нивниот процент е зголемен на 64. Во Појасот Газа регистрирани се 78 инфицирани лица и еден смртен случај.

Би можело да ве интересира

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Бербок: Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел го прекршува меѓународното право

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Израелската армија уби 20 Палестинци во Појасот Газа