Постои голема диспропорција помеѓу средствата кои се неопходни за борба против новиот коронавирус и износите што се определени за тоа ширум светот, а изнесуваат околу 10 отсто од потребните пари, изјави денеска директорот на Светска здравствена организација Тедрос Гебрејесус.
Тој додаде дека само за вакцини ќе бидат потребни повеќе од 100 милијарди долари.
Гебрејесус на редовниот брифинг во Женева истакна дека за иницијативата за развивање и дистрибуција на АЦТ акцелератори собрани се само 10 проценти од неопходните средства.
– Звучи како да се потребни многу пари, а и така е, посочи тој.