Светот апелира Кина да ги пушти на слобода затворените писатели

Од:

Околу 200 писатели од целиот свет апелираа до властите на Кина да ја почитува слободата на изразување и да ги пушти на слобода писателите осудени на затворска казна.

Тие го поздравија признанието кое Пекинг им го одаде на кинеските уметници, меѓу останатите и на минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, Мо Јан, но и потсетија на големиот број писатели кои во Кина се лишени од слобода.

-Не можеме да ги слушаме креативните гласови, а при тоа да не ја слушнеме тишината на оние кои се замолчени – наведоа писателите во отвореното писмо до Пекинг, по повод 3- ти мај, Светскиот ден за слобода на медиумите.

Тие од Пекинг побараа ослободување на повеќе од 40 писатели и новинари, меѓу кои е и Лиј Сијаоб.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина