Андреа Пирло официјално тренер на „Старата дама“

Од:

Андреа Пирло и официјално стана нов тренер на Јувентус. Италијанскиот фудбалски шампион вечерва потврди дека 41-годишниот поранешен фубалер на клубот потпиша договор со важност до 2022 година.

За Пирло, ова ќе биде прво искуство во тренерската кариера. Пред само неколку недели, тој беше назначен за главен тренер на младинскиот тим (до 23 години) на Јувентус.

Пирло е светски првак во 2006 година со италијанската репрезентација. Играше за Јувентус од 2011 до 2015 година. Како дел од тимот, тој стана четирикратен шампион на Италија, го освои Суперкупот двапати и националниот Куп еднаш.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Пирло повеќе не е тренер на Сампдорија

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Почина поранешниот македонски кошаркарски селектор Јанко Луковски

Горан Наумовски

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ