Пендаровски ги посети армиските нуркачи во Охрид

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска го посети нуркачкиот тим од Баталјонот на специјалните сили на Армијата, што изведува обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид.

Припадниците на тимот го информираа претседателот Пендаровски за нивните тековни активности, беа прикажани нивните капацитети и способности, како и опремата што ја користат, а беа демоностирани и неколку показни вежби.

Нуркачкиот тим во месец јули престојуваше во Атина, Република Грција, каде заедно со грчката специјална единица изведуваше обука за нуркање. Со тоа, единицата започна циклус на соработка со грчката специјална единица, во рамки на заедничката соработка на двете армии на земји-членки на НАТО. Покрај со грчката армија, ваков вид на соработка се реализира со повеќе армии од земји-членки на НАТО.

Претседателот Пендаровски на припадниците на нуркачкиот тим, кои своите способности ги имаат докажано и во поддршка на цивилни институции, им посака натамошна успешна работа и изрази очекување да продолжи натамошната успешна соработка со партнерските армии од НАТО алијансата.

Би можело да ве интересира

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски