Меси спие на душек што го убива коронавирусот

Од:

Додека светот продолжува да се тресе од Ковид-19, аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ужива привилегија да спие на специјален душек што го уништува вирусот.

Ова го откриваат шпанските медиуми во пресрет на враќањето на Барселона во Лигата на шампионите, каде вечерва екипата го пречекува Наполи во реваншот од 1/8-финалето.

Една локална компанија – „Tec Moon“, направила специјален душек користејќи иновативен систем, откако специјалните наночестички го убиваат вирусот до 99,84%.

Името на моделот е „Viruclean“ и чини околу 1.000 евра. Потребни се четири часа на душекот да се елиминираат потенцијалните честички на вирусот, што ќе ја зголеми безбедноста во случај друго лице да одлучи да лежи на истиот кревет.

Меси не го купил душекот, кој производителот му го подарил, најверојатно за рекламни цели.

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес исто така користи ваков душек, според шпанските медиуми.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот