Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари изјави дека настапот на неговите играчи во реваншот со Лион бил подобар од очекуваниот.
„Бјанконерите“ остварија пирова победа затоа што победата од 2:1 над Лион не успеа да го компензира поразот од 0-1 во Франција.
– Очекував помалку во однос на квалитетот на играта, но играчите одиграа многу силен натпревар. Можевме да паднеме по раниот гол од нивна страна, но не го дозволивме тоа. Мојата иднина? Мислам дека раководството нема да го реши ова врз основа на еден натпревар. Шефовите ќе ја земат предвид целата сезона. Јас имам договор, го почитувам и не очекувам ништо. А прашањата на оваа тема ги сметам за непочитувачки, но не за мене, туку кон луѓето што го водат клубот, изјави Сари по мечот.