Во сојузната американска држава Џорџија почина 7-годишно дете, жител на округот Чатам, како последица на коронавирусот. Станува збор за најмладиот пациент кој починал од Ковид-19 во САД.
Од болницата каде што било хоспитализирано момчето изјавија дека здравствената состојба на седумгодишниот пациент не давала предзнаци дека ситуацијата ќе се влошува до тој степен, за детето да ја загуби битката со болеста.
„Секој извештај за нов смртен случај е трагичен, особено кога некој млад човек ќе го загуби својот живот”, изјави Ненси Нидам, раководител за односи со јавност при Одделот за јавно здравје во сојузната држава.
„Знаеме дека особено постарите лица се изложени на поголем ризик од компликации со Ковид-19, но оваа болест секој, без разлика на возраста, треба да ја сфати сериозно“, додаде таа.
Претходно, најмладиот починат во САД имаше 17 години, но тој, според лекарските извештаи, имал пропратни здравствени заболувања.
Властите во Џорџија објавија нова статистика каде повеќе од 30 лица на 20-годишна возраст починале од коронавирус.
#FLorida residents are being led to slaughter over politics and image. Where will Barron Trump be this fall? At home. But your kids? Oh they'll be sent to school in the middle of #FloridaCovidEpicenter By election day, many of your kids could be very ill. https://t.co/l79e3ntHvn
— #WearAMask (@west_rox) August 7, 2020
Сојузната држава се соочи со голем пораст на бројот на новозаразени со коронавирус. Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, државата има над 204.895 заразени и 4.026 смртни случаи поврзани со Ковид-19.