Во стравотната експлозија што се случи во главниот либански град Бејрут, не беа поштедени ниту животите на домашните миленици. Покрај стотиците загубени човечки животи, настрадаа и голем број улични животни и домашни миленичиња.
На видеото се гледа моментот на избувнување на експлозијата во локалното засолниште за миленичиња. Ден подоцна, активистите доаѓаат да проверат дали мачките за кои се грижеле се живи. За среќа, тие преживеале, а крвавите траги од шепи сведочат за хоророт што го преживеале.
Во спасувањето на животите на домашните миленици во Бејрут биле вклучени противпожарните сили на Либан како и полициските специјални сили. Во акцијата тие биле придружувани од активистите за заштита на животните кои заедно вложиле напори да ги најдат сопствениците на оние кои преживеале.
Volunteers in Lebanon helped reunite lost animals with owners and rescue and shelter animals after the Beirut explosion. pic.twitter.com/YvHZu2mqtc
— USA TODAY (@USATODAY) August 6, 2020
Засега, има повеќе приказни со среќен крај, откако голем број сопственици биле повторно соединети со своите миленици, по трагичната несреќа во Бејрут.