Инспектори растуриле свадба во Струга: колнеа и пцуеја, но направивме записник и ќе поднесеме кривична пријава

Од:

Пазарните инспектори упаднале на свадба во Струга која ја растуриле, а за угостителот во чиј објект се одржала поднеле кривична пријава и парично го казниле. За време на постапувањето, инспекторите биле пцуени и колнети, но не подлегнале на притисокот, вели директорот на инспекцијата, Стојко Пауновски за „А1он“. Тој тврди дека инспекторите не се плашат и ќе постапуваат, без разлика за чиј објект станува збор или во кој град.

„Угостителот бил предупреден претходно. Кога вчера била затекната свадбата, организаторот велел дека имал притисок од тие што ја правеле свадбата и не можел да одбие, за таа да не се одржи. Но, и ние мораме да постапуваме. Инспекторите ја растуриле и ќе поднесеме кривична пријава. Имало пцуење, колнење, но ако некој ни дал задача да превенираме и да постапуваме, тоа ќе го правиме. Имало објаснување од свадбарите дека се дојдени од странство, дека никој не им дал информација дека не смеат да се одржуваат свадби, а тие морале да ја направат веселбата. Газдите на објектот каде се одржала свадбата објасниле дека имале линк во Комисијата за заразни болести од каде им рекле дека после ‘Илинден’ ќе можат да се одржуваат свадби и така си испланирале. Но, ѓаволот ни ора, ни копа. Сите ги откажале, освен оваа“, вели Пауновски за „А1он“.

Директорот на Пазарниот инспекторат вели дека најчесто имаат закани и притисоци од објекти чии сопственици имаат државни функции.

„Притисоците доаѓаат од полицајци, началници, директори кои се сопственици или имаат удел во објектите каде констатираме неправилности. Ние немаме проблем со обичните луѓе. Ние поднесуваме до судот, а тој понатаму треба да одлучи. Инаку, во секој град има инспектори кои се ноќна смена. Има луѓе од инспекторатот кои се ангажирани да ги пратат социјалните мрежи. Најмногу инспектори има во Струга, Берово, Дојран, таму каде се користат ваучерите. Пример, во Охрид има 49 хотели каде може да се користат ваучерите за туризам и тие треба да се контролираат“ објаснува Пауновски.

Освен на вчерашната свадба, инспекторите во Струга постапиле и во друг локал каде не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот. Пауновски објаснува дека во моментот на постапување, тие биле вербално нападнати, а имало и обиди да се спречи нивната работа со објаснување дека ресторанот е сопственост на директор на затвор. Иако полицајците кои ги придружувале се повлекле надвор, инспекторите го направиле записникот, кој газдата одбил да го потпише.

Претходно, пазарните инспектори поднеле кривична пријава за свадба во хотел во Скопје, која ја затекнале на лице место. Таму тие добиле закани од музикантите, но и покрај тоа, бил направен записник.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска