„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Од:

Кафе – барот „Интермецо“ ќе остане пломбиран десет дена, казна од 1500 евра ќе добие одговорното лице и со 5.500 евра ќе биде казнето правното лице. Пломбирањето и казните следуваат откако во вторникот вечерта инспекторите на Државниот пазарен инспекторат начекаа журка со странски странски ди – џеј во преполн локал без почитување на мерките за заштита од Ковид – 19. Анета Симеска – Димоска, директорка на Државниот пазарен инспекторат вели дека решението за пломбирање и глобите за кафе – барот, кој е затворен од вторникот, се готови, а инспекторот се одлучил да го затвори локалот само на десет дена иако законот му дозволува да го затвори на 30 дена.

„Кафе – барот ќе биде затворен десет дена од можните 30, затоа што нашата улога пред сè е  превентивна. Инспекторите добиле уверување од ‘Интермецо’ дека непочитување на протоколите нема да се повтори, а освен тоа сопственикот ги известил и дека сите настани планирани до крајот на септември се откажани, посебно оние со странски гости за кои има голем интерес и се прави метеж. Ние при одлучувањето мора да водиме сметка за сите аспекти односно за почитување на протоколите, но и за тоа дека има категорија луѓе кои сметаат дека локалите треба да работат и дека со подолго затворање многумина остануваат без работа. Тоа, пак, не ја исклучува можноста, доколку вакви забави се повторат, во ист месец да затвориме локалот и вторпат“, вели директорката Симоска – Димоска за „А1он“.

Во вторникот вечерта инспекторите утврдиле прекршување на протоколите по два основа. Растојанието помеѓу ди – џејот и првите маси не било пет метри, како што стои во протоколот, туку имало околу 1,5 метар и локалот бил исполнет со полн  капацитет.

“Први првата контрола вечерта во вторникот инспекторите не нашле забелешки. Внатре во објектот сите маси биле поставени согласно протоколите, а и првата контрола на билетите не покажала отстапки, но по еден час кога повторно влегле внатре, веќе било евидентно дека има повеќе луѓе отколку што е дозволено, а голем метеж, место празен простор, имало и околу ди- џејот“, објасни директорката Симоска – Димоска.

Ова не е прво затворање на „Интермецо“. Неколку пати беше затворано поради гласна музика, а за време на речиси цела пандемија организира журки на кои, според видеата што јавно ги поставуваат гостите, се гледа дека не се почитуваат протоколите. Директорката Симоска – Димоска вели дека претходните затворања не може да се земат предвид оти законот не предвидува посебна казна за некој што го повторува делото и не можат врз основа на тоа да му изречат забрана за вршење дејност туку постапиле како што постапуваат со сите останати локали кои ги прекршиле протоколите.

Би можело да ве интересира

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска

Заев и Николовски се сретнаа со инспектори од Државниот пазарен инспекторат

Ана Ололовска

Заев на средба со инспекторите од ДПИ пред одлуката за разрешување на Пауновски

Ана Ололовска

Дали „рамковните“ на Груевски ќе му пресудат на Пауновски?

Кристијан Ландов

Здружението за заштита на работничките права: Во државната управа се кршат препораките и одлуките

Ана Ололовска

Запечатена кафеаната во Стајковци која по работното време ги угости  Неделковски, Пандов и Панчевски

Маја Илиевска-Пачемска