Со чамец, од турското крајбрежје на грчкиот остров Хиос вчера пристигнале 23 турски државјани, меѓу кои и деца, и побарале политички азил во Грција, објави онлајн изданието на весникот „Политис“ од островот.
Според истиот извор, турските државјани рекле дека ги гони владата на Ердоган, додека пак крајбрежната служба од Хиос уапсила две лица кои веројатно се криумчари и управувале со чамецот.