Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Од:

Тригодишното момче, Матео, почина откако се здоби со прострелна рана во главата во Маркопулос, источна Атика, во инцидент помеѓу две лица кои пукале од две возила.

Службите за итна медицинска помош прво го транспортирале детето од здравствениот центар Маркопуло, каде што младата жртва била пренесена од неговите родители, во детската болница Аглаја Киријаку во Атина. Трансферот бил извршен под полициска придружба од страна на службеници на мотоциклистичката единица ДИАС.

Според првичните информации, смртоносната повреда настанала при размена на истрели меѓу патници во два автомобила, во која наводно биле вмешани припадници на ромската заедница, при што залутан куршум погодил дете во главата. Двете семејства се скарани со години.

Медицинскиот персонал вложил натчовечки напори и се обидувале со реанимација долга 45 минути да го спасат детето, но безуспешно.

Властите ја продолжуваат истрагата за да ги разјаснат околностите на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче

А1он

Настрада 8-годишно девојче во Ирска во обид да ја заштити мајка си

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти

Предраг Петровиќ