Јужна Кореја вети повеќе од 270 милини долари помош на сите јужнокорејски компании кои се загрозени поради затворање на заедничката индустриска зона на северот.
Официјално лице од јужнокорејското Министерство за обединување, Со Хо изјави дека од 6-ти мај, 123 фирми ќе бидат погодени со затворање на комплексот Кесонг, па ќе мора да земаат заеми со ниски каматни стапки.
Тој исто така наведе дека дополнителната помош ќе им биде понудена откако Сеул ќе ја потврди точната потребна на тие компании.
Во меѓувреме, седум јужнокорејски работници и понатаму се во комплексот, кој се наоѓа на северот и преговараат за неисплатените даноци и дневници за вработените од Северна Кореја.
Елена Георгиевска