За едно деноноќие во Бугарија регистрирани 255 новозаразени од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство на соседна Бугарија соопшти дека во последното деноноќие во државата биле дијагностицирани нови 255 заразени од Ковид-19 од вкупно 5.325 направени тестови.

Распределбата по области на новозаразени лица е следна: Благоевград – 43, Бургас – 9, Варна – 31, Велико Трново – 7, Габрово – 11, Добрич – 10, Ќустендил – 2, Пазарџик и Јамбол по 8, Перник – 13, Плевен – 6, Пловдив – 32, Разград – 2, Русе – 3, Силистра – 4, Сливен – 1, Смолјан – 14, Регион на Софија – 5, Град Софија – 34, Стара Загора – 5, Хасково – 2 и Тарговиште, Сливен, Ловеч, Видин и Шумен по еден.

Вкупниот број на потврдени случаи на заразени од коронавирус во Бугарија е 12.414. Од нив, активни се 5.035, а излекувани биле 6.964.

847 лица се хоспитализирани, од кои 41 се наоѓаат во одделенијата за интензивна нега.

Во последните 24 часа, во земјата починаа 11 лица со што сега вкупниот број на починати од Ковид-19 изнесува 415 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит