Л’екип: Зидан е најдобриот светски тренер

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за во моментов најдобар на светот од страна на францускиот часопис „Л’Екип“. Насловната страница на угледниот спортски весник денеска е посветена на оваа тема.

Зидан ги надмина најдобрите клупски тренери Јирген Клоп, кој работи со Ливерпул, и Пеп Гвардиола, кој го предводи Манчестер сити.

Зидан го тренираше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и за ова време го освои Шпанското првенство и Суперкупот, трипати ја освои Лигата на шампионите, а исто така двапати ги освои УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство.

Во мадридскиот клуб се врати во 2019 година и повторно оваа сезона ја освои шампионската титула во Ла Лига. зс

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on