Во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови за време на викендот во Јужна Кореја загинаа шест лица, а седуммина се водат како исчезнати.
Надојдената вода предизвикала најголема штета во главниот град на Јужна Кореја, Сеул и во централните области на земјата.
Дождот покренал одрони во десетина места, поплави станбени квартови, при што 360 луѓе останаа без домови, а повредени се шестмина.
Според метеоролизите дожд ќе врне до утре наутро.