Во Колумбија е потврден рекорден број нови случаи на коронавирус – 10.673, а вкупниот број на заразени достигна 306.198, соопшти Министерството за здравство.
Колумбија е на 11 место во светот по бројот на заразени со коронавирусот.
Уште 225 лица починале од Ковид-19, што е најмал број на смртни случаи во последните 10 дена.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 10.330.
Вонредната состојба во Колумбија беше продолжена до 30 август, но во некои делови на земјата започна делумно отворање.