Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, може да се чувствува како сигурен носител на „Златната копачка“ за стрелец број еден на Европа. Ова се случува круг пред крајот на Серија „А“. Причината е што неговиот голем конкурент за наградата во Италија – Кристијано Роналдо, беше отстранет од групата за денешниот натпревар на Јувентус со Рома.
Предноста на италијанскиот стрелец над Португалецот сепак беше доста солидна – четири гола. Имобиле има 35 гола, Кристијано има 31, а следен во пласманот во Италија е Ромелу Лукаку со 23. Во пласманот за „Златната копачка“, Чиро е пред Роберт Левандовски од Баерн (Минхен), кој во германскиот шампион постигна 34. На табелата Имобиле собира 70 бода, а полскиот стрелец 68.
Левандовски е оштетен оваа трка со оглед на тоа што има 34 кола во Бундеслигата, четири помалку од другите врвни лиги во Европа. Вечерва, русокосиот фудбалер може да го зголеми својот резултат во последниот натпревар на „орлите“ – против Наполи.
Од 2010 година, само Луис Суарез ја сруши хегемонијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во борбата за „Златната копачка“.