Наградата „Златна копачка“ врачена на Чиро Имобиле

Од:

Престижната награда „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа во минатата сезона денеска му беше врачена на напаѓачот на италијанскиот прволигаш Лацио, Чиро Имобиле.

-Ова е највисоката точка во мојата кариера. Кога ја гледам оваа награда добивам желба и одлучност да продолжам да ја освојувам, изјави Имобиле.

Минатата сезона, 31-годишниот Имобиле постигна 37 прволигашки голови, со што го израмни рекордот според постигнати голови во една сезона во Серија А, и стана само третиот Италијанец, кој ја освоил „Златната копачка“, по Лука Тони, во 2006 година и Франческо Тоти една година подоцна.

Би можело да ве интересира

Имобиле во „аут“ до крајот на годината!

Горан Наумовски

Левандовски ја доби Златната копачка

А1он

Имобиле е новиот добитник на „Златната копачка“

А1он

Имобиле убедливо прв на листата на стрелците во ТОП 5 лигите

А1он

ВИДЕО: Меси ја прими „Златната копачка“