Кривична за газдата на „Малеш продукт“ од Делчево, не платил данок на приход од речиси половина милион евра

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против управителот и сопственик на „Малеш продукт“, Друштво за внатрешен и надворешен промет од Делчево. Во рок од три години имал приход од 30.178.740 денари или близу половина милион евра за кои не платил данок на добивка во вредност од 3.178.740 денари.

„Лицето Ж.А. со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект, во даночниот биланс за 2015 година поднесен до Управата за јавни приходи во не пријавило приходи од застарени Обврски по основ на фактури, аванси и позајмици постари од 3 години, во вкупен износ од 30.178.740 денари, со што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 3.017.874 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија“, соопшти Финансиската полиција.

Би можело да ве интересира

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Касами обвини дека централната власт му врши политички притисок

Ана Ололовска

Приведени дваесетмина бизнисмени и сметководители од Тетово и Гостивар, испумпале над 1 милион евра од општините

Ана Василевска

Финансова полиција со кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Ана Ололовска