Приведени дваесетмина бизнисмени и сметководители од Тетово и Гостивар, испумпале над 1 милион евра од општините

Од:

Дваесетмина бизнисмени и сметководители се приведени во Управата за финансиска полиција под сомнение дека од општинските каси на Тетово и Гостивар организирано и извлекувале пари и ја оштетиле државата за над еден милион евра. Директорот на Управата, Арафат Муареми, за „А1он“ вели дека се работи за сериозна група, следена подолго време.

„Сузбиена е голема организира група која ја оштетила државата за повеќе од 1 милион евра. Местеле тендери и извлекувале пари од општините префрлајќи ги на фиктивни фирми, главно во кеш. Групата е следена подолго време. Во неа нема функционери ниту поранешни ниту сегашни, но има вработени во општините, сметководители, кои биле логистика на познати бизнисмени од Тетово и Гостивар. Локални мангупи познати од овој крај“, изјави директорот Муареми за „А1он“.

Акцијата во која се приведуваат бизнисмените и сметководителите се уште трае.

Управата за финансиска полиција соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против 20 физички и 15 правни лица, за даночно затајување, злоупотреба на службена должност, злоупотреба на службена положба и овластување оти го оштетиле Буџетот за вкупен износ од 62.933.835 денари, или еден милион евра.

„Лицето М. И. од Скопје по насоки и претходен договор со Ф. К. и Е.К. од Тетово, М. Т. и А. Д. од Велес, Д. Т., М. К. и В. Б. од Скопје, во период од 2015 до 2017 година во име на правните лица Мартоник 2013 ДООЕЛ Тетово, Голд Инженеринг ДООЕЛ Скопје, Дајмонд Инженеринг ДООЕЛ Скопје и Ваиб Електроник ДООЕЛ Скопје изготвиле и доставиле 96 (деведесет и шест) фактури со невистинита содржина на вкупен износ од 71.384.348 денари со вклучен ДДВ, без притоа да имаат реално должничко доверителски односи со правните лица: Россен центар експорт-импорт с.Стримница Желино, Розен центер експорт-импорт с.Стримница Желино, Аскинг, Д-л Бау гроуп Тетово, Делотроник ДООЕЛ Скопје, Фассион- компани Тетово, Тајмиште АД Кичево, Техно текс Ќенан ДОО Тетово и Алдинг инженеринг Скопје, и од истите примиле парични средства во вкупен износ од 66.686.686 денари на банкарските сметки депонирани во Капитал Банка АД Скопје, кои ги подигнале во готово. Паричните средства биле подигнати спротивно на законските прописи како позајмици или материјални трошоци, за кои немале економска оправданост и не биле во функција на дејноста на правниот субјект и им ги враќале во готово на корисниците на фиктивните фактури, а за услугата задржувале провизија во износ од 2% до 5%“, соопшти Управата.

Пријавените, во име на правните субјекти корисници на фиктивни фактури: Россен центар, Розен центер, Аскинг, Д-л Бау гроуп, Делотроник, Фассион- компани, Тајмиште АД, Алдинг инженеринг со фиктивни фактури извлекле 66.686.686 денари.

„По претходен договор употребиле фиктивни фактури за извршена наводна набавка на стоки и услуги во вкупен износ од 70.228.448 денари со вклучен ДДВ во износ од 9.498.082 денари, истите ги евидентирале во своето сметководство и во даночните пријави за ДДВ и извршиле неоснован поврат на ДДВ, а во завршните сметки искажале неточни податоци и ја намалиле даночната основа за Данок на добивка во вкупен износ од 7.172.341 денари, односно, за вкупен износ од 16.670.423 денари го оштетиле Буџетот“, стои во соопштението од Управата.

Пријавените лица Е.К., Ш.К. и С.К.З. вработени во Капитал Банка АД – експозитура Тетово во својство на банкарски службеници воедно и сметководители на правните лица кои ги правеле злоупотребите, учествувале во поврзување на физичките и правни лица.

„Спротивно на закон тие реализирале претходно потпишани бланко налози за пренос и подигнување на парични средства од правните лица Мартоник 2013 ДООЕЛ Тетово, Голд Инженеринг ДООЕЛ Скопје, Дајмонд Инженеринг ДООЕЛ Скопје и Ваиб Електроник ДООЕЛ Скопје, подигнувале парични средства во готово без присуство на овластените лица на наведените правни лица и подигнатите готовински парични средства ги предавале на одговорните лица на правните лица Россен центар, Розен центер, Аскинг, Д-л Бау гроуп, Делотроник, Фассион- компани, Тајмиште АД, Техно текс Ќенан ДОО Тетово и Алдинг инженеринг“, соопшти Управата.

Пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 62.933.835 денари.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансова полиција: Бизнисмен заработи кривична за затајување данок од 73.000 евра

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска