Финансова полиција со кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.С. во својство на сопственик и управител на правниот субјект „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје, како и правното лице „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Пријавената М.С. во својство на управител и сопственик на пријавеното Друштво за градежништво, трговија и услуги „Фимал Ком“ ДООЕЛ експрт-импoрт Скопје, во периодот од 01.01.2013 до 31.12.2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, присвоила лично за себе парични средства подигнати од банкарската сметка на пријавеното правно лице на име материјални трошоци во износ од 44.444.194,00 денари.

За овие финансиски средства, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција, во сметководствената евиденција не доставила доказ за нивната економска оправданост, не ги внела во задолжителните даночни биланси како даночно непризнати расходи, кои во име на пријавениот правен субјект ги поднела до Управата за јавни приходи и на тој начин пријавените затаиле данок на добивка во вкупен износ од 4.444.419,00 денари.

– Пријавената М. С, во својство на управител на пријавеното правно лице, „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје во 2018 година, до Управата за јавни приходи во име на пријавеното правно лице „Фимал Ком“ ДООЕЛ Скопје, поднела задолжителни ДДВ пријави, во кои искажала ДДВ во износ од 9.339.144,00 денари, но истото спротивно на законските прописи воопшто не го уплатила и покрај фактот што пријавеното правно лице било ликвидно, односно паричните средства наменети за плаќање на обврските по основ на ДДВ. Во голем дел биле подигнати од банкарската сметка на пријавениот правен субјект и истите биле присвоени од страна на пријавената М.С. за свои лични потреби, на кој начин пријавените го оштетиле Буџетот на државата по основ на ДДВ за износ од 9.339.144,00 денари, се појаснува во соопштението.

Со претходно наведените дејствија, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 13.783.563,00 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Зелениково и уште шест лица за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Приведени дваесетмина бизнисмени и сметководители од Тетово и Гостивар, испумпале над 1 милион евра од општините

Ана Василевска

Откако ги прошета обвинителствата, кривичната пријава за фалсификат во ФФМ одбиена како застарена

Кривична за газдата на „Малеш продукт“ од Делчево, не платил данок на приход од речиси половина милион евра

Маја Илиевска-Пачемска

Кривична против Лила Стојановска за затајување 1,78 милиони денари данок

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арафат Муареми: Под лупа на Финансиска, имотот на најмалку двајца актуелни судии и еден обвинител

Ана Василевска