Касами обвини дека централната власт му врши политички притисок

Од:

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ја обвини централната власт дека му врши политички притисок откако утрово во Општина Тетово дошла финансиска полиција. Касами смета дека е притисок, затоа што дошле поради некој предмет од пред 10-ина години.

-Во кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок, изјави Биљал Касами кој присуствуваше на одбележување на годишнината на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

ДУИ го обвини Касами дека милиони евра од општината преку тендери ги дава на едно семејство

Касами дава милионски тендери на фирми со по еден вработен: Туристичка компанија ќе гради обиколница

Александар Тодески

Михаилоски: Секоја штетна одлука на Касами во Тетово е поддржана од ДПМНЕ

Касами најави протести ако не добијат свој член во Државната изборна комисија

Градоначалникот Касами ја критикуваше полицијата за сообраќајниот хаос во Тетово, тврди дека има доволно паркинг места во градот

Советниците на ДУИ го обвинија тетовскиот градоначалник за политички притисоци во училиштата

Катерина Ѓуровски