Македонија на 120-то по слободни медиуми, Србија на 74-то место

Од:

Србија на овогодинешниот извештај на организацијата Фридом хаус за слобода на медиуми напредуваше за едно место и се наоѓа во група на делимично слободните држави.

Србија годинава се најде на 74-то место, заедно со Унгарија и Црна Гора.

Словенија е на 40-то место и единствена држава од регионот која што во овој извештај се оцени како слободна.

Бугарија се наоѓа на 77-то место, Хрватска на 81, Грција на 83, а Албанија, БиХ и Косово се на 96-то место.

Македонија е најниско рангирана држава во регионот и се наоѓа на 120-то место, заедно со Турција.

Кога станува збор за источна Европа и Евроазија, Србија е на осмо место, додека најдобро рангирани се Естонија, Чешка и Словачка.

Држави во светот со најдобра слобода на медиумите се Норвешка и Шведска, кои го делат првото место, потоа Белгија, Финска и Холандија.

Меѓу првите десет се и Данска, Луксембург, Швајцарија, Андора, Исланд и Лихенштајн.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Авторитаризмот се засилува низ светот: Македонија е делумно слободна, останува на 67. место според Фридом Хаус

Катерина Ѓуровски