ВИДЕО: Скопјани за Универзална сала ќе бидат консултирани на референдум

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека ако не се постигне консензус кај граѓаните, преку референдум ќе се одлучува за иднината на Универзална сала.

Целосното видео од денешиот брифинг со новинарите на тема „Универзална сала“.

Целосното видео од денешиот брифинг со новинарите на тема „Универзална сала“.

Posted by Град Скопје on Среда, 29 јули 2020

Шилегов најави дека следен чекор на Град Скопје ќе бидат посебни конкурси конкурси за реставрација и за парк.

„Конкурсните решенија треба да бидат предмет на дебата“, изјави Шилегов.

Тој вели дека пред да биде распишан референдум ќе мора да бидат доразработени сите варијанти, за да се знае прашањето кое ќе им се постави на граѓаните.

Шилегов, по бурните реакции и критики од јавноста се обрати пред граѓаните и го кажа своето лично мислење околу рушењето на Универзална сала.

„Интимно би сакал да се реставрира Универзална сала и да изградиме концертна сала. Прашање е колку Владата и државата е способна да потроши“, рече Шилегов.

Тој не ја оспори важноста на Универзалната сала, но додаде дека објектот е сериозно руиниран бидејќи е стар и прозорците, вратите, инсталацијата, сето тоа би било предмет на обнова.

„Универзална е колективна меморија на културниот живот на Македонија, не само на Град Скопје и затоа во овој процес треба да бидеме сите, Градот Скопје, Владата со Министерството за култура, стручната јавност и обичната јавност која има силни емоции и големо право да го каже своето мислење“, рече Шилегов.

Тој ги демантира гласините во јавноста, за можна замена на местото кај Треска за парк кај Универзална.

Според Шилегов, реконструкцијата која и е потребна на Универзалната сала и градењето на нова концертна сала би ја чинело државата околу 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Министерството за култура го избра најповолниот изведувач за изградбата на Универзалната сала во Скопје

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти