Архитектите се правдаат: Шилегов ни кажа дека нема пари за Универзална сала, затоа предложивме да се сруши, иако сметаме дека треба да се зачува

Од:

Асоцијацијата на архитекти на Македонија се јави со свој став околу уривањето на Универзалната сала, кое го најави Град Скопје.

„Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема“, велат од Асоцијацијата.

Од ААМ го повикуваат Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала.

„Би повикале уште еднаш, да се зачува постојниот објект и доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата на Република Северна Македонија да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност“, велат од ААМ.

Според нив, Универзалната сала иако веќе пет години е надвор од употреба, претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години.

Според Град Скопје, била утврдена потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма, а архитектите како предлог локација за градење на нова универзална сала, предложиле место во близина на спортската сала „Борис Трајковски“.

Реакцијата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, доаѓа откако јавноста се разбранува по најавата за уривање на Универзалната сала, а од Град Скопје рекоа дека таквиот потег бил предложен токму од архитектите.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Не се излезени записниците за пожарот во Универзална: Надзорот најави можна промена на металната конструкција

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала

Митева: СДС да не ги манипулира скопјани, да кажат дали изведувачот на Универзална е фирма блиска до нивниот врв и дали затоа нема одговорност за пожарот