Скопјани бесни на Шилегов: Универзалната сала не смее да се руши

Од:

Граѓаните се противат на уривањето на Универзална сала и прашуваат што го предомисли Шилегов кој пред само шест месеци најави дека се обезбедени средства за градба.

Скопјани се вознемирени откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави уривање на Универзалната сала.

Некои од оние кои коментираат се сомневаат дека е направена зделка за градење кај поранешната фабрика „Треска“, па затоа во замена граѓаните ќе добијат парк на местото на Универзална сала.

Граѓаните кои очекуваа реконструкција на објектот, револтирано коментираат дека салата не смее да се урне бидејќи претставува симбол на Скопје.

„Во буџетот за 2020 обезбедивме, а веднаш после Нова година започнуваме изградба на Универзалната сала во Скопје“, рече Шилегов минатиот декември.

Град Скопје ги изненади граѓаните со објавувањето на конкурс за избор на идејно решение за парк на местото на Универзална сала. Според нив, препораката за уривање на објектот, ја дала токму Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Од Асоцијацијата засега не даваат изјава и најавуваат соопштение преку кое сакаат да се дообјаснат.


Универзалната сала веќе неколку години не е во функција, а минатата власт исто така најави нејзино уривање и градење на нов објект во форма на јајце, што беше проследено со жестоки негодувања од јавноста, поради што тогашните градски власти се откажаа од идејата.

Шилегов во 2018 година велеше дека Универзална сала треба да се врати онаква како што била и повторно да претставува културно средиште на нашиот град.

Град Скопје веќе еднаш отстапи пред притисокот на јавноста, кога оваа пролет беше започната изградба на лифт веднаш до познатите спирални скали на ГТЦ. Откако јавноста бурно реагираше, градењето на лифтот беше стопирано, а Шилегов рече дека лифтот е дивоградба и градењето беше стопирано.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Не се излезени записниците за пожарот во Универзална: Надзорот најави можна промена на металната конструкција

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: По завршување на истрагата, продолжува реконструкцијата на Универзална сала

Митева: СДС да не ги манипулира скопјани, да кажат дали изведувачот на Универзална е фирма блиска до нивниот врв и дали затоа нема одговорност за пожарот