500 полициски службеници ќе бидат постојано на должност во верскиот храм Аја Софија, соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Отсега 500 службеници за спроведување на законот ќе бидат постојано на должност во Аја Софија’“, рече Ердоган во турскиот главен град Анкара.
Со поништување на одлуката од 1934 година, Врховниот управен суд на Турција даде зелено светло за пренаменување на музејот во верски објект – џамија, пренесуваат турските медиуми.
По правосудната одлука, Ердоган објави дека потпишал указ за претворање на историскиот објект, кој досега работеше како музеј, во џамија. Првата исламска молитва се одржа на 24 јули, во присуство на Ердоган и државниот врв.