Бонучи: Ова е мојата најубава титула со Јувентус, затоа што беше најтешка за освојување

Од:

Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека оваа сезона титулата во италијанскиот шампионат е најтешка за освојување од деветте последователни за клубот од Торино.

Јувентус ја обезбеди 36-тата италијанска титула во неделата, деветта по ред, со победа од 2:0 над Сампдорија.

– Ова е најубавата титула, затоа што беше најтешка. Започнавме нова ера, нова филозофија, наидовме на многу потешкотии, но продолживме да даваме се од себе, дури и кога имаше „лизгања“. Беше многу комплицирано и надвор од теренот, светот се смени за три месеци. Моравме повторно да се концентрираме на фудбалот, но успеавме. Го сакавме тоа, се мачевме … Направивме се за да го освоиме трофејот за себе, за клубот, за оние кои навиваа од дома или од небото, рече Бонучи за „Скај Италија“.

Бонучи исто така изјави дека тимот понекогаш се борел со филозофијата на Маурицио Сари.

– И покрај тоа, ние останавме тим, работевме како големи луѓе, повеќе отколку како големи играчи. Сега ќе се обидеме да се одмориме, имаме десет дена да се подготвиме за следниот предизвик, додаде Бонучи.

Фудбалерите на Јувентус ги очекува реванш од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион. Францускиот клуб славеше со 1:0 во првиот натпревар, одигран во Торино во февруари.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ