Фудбалерите на Борусија од Дортмунд се пласираа во финалето од Лигата на шампионите што оваа година ќе се одигра во Лондон. И покрај поразот од 2:0 на Сантијаго Бернабе, германскиот претставник успеа да го елиминира Реал Мадрид.
Во 83-та минута Карим Бензема го постигна првиот гол за домаќинот, а пет минути подоцна Серхио Рамос зголеми на 2:0.
Сепак домаќинот и покрај обидот да направи сензација не успеа да стигне до третиот погодок и на крајот Борусија Дортмунд заслужено се пласираше во финалето, кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.