Силно невреме со грмежи, дожд, ветер и град попладнево и вечерва ја зафати северна Хрватска и се прошири кон целата земја и кон Босна и Херцеговина, а во некои места во двете држави властите издадоа предупредување за можни поплави.
Во хрватскиот град Сењ, улиците се целосно под вода, а поплавени се подруми и домови на граѓани. Во Истра, на северот од земјата, за кратко време паднале 30 литри дожд на квадратен метар, според хрватскиот Хидрометеоролошки завод.
Во Тузла, во Босна и Херцeговина, по сончевиот и топол ден, градот вечерва го погодило силно невреме со грмежи и налети на ветер.
Според информациите од босанските портали, во Тузла невремето предизвикало прекин во напојувањето со струја во делови од градот, а улиците за кусо време се поплавиле, што го закочило сообраќајот.
Според метеоролозите, врнежливото и нестабилно време викендов ќе го зафати поголемиот дел од Балканскиот Полуостов.