Франција ќе бара задолжителни тестови за Ковид-19 за влез во земјата, Македонија засега не е меѓу ризичните земји

Од:

При посетата на аердоромот Роаси, во Париз, францускиот премиер Жан Кастекс најави дека тестовите за коронавирус ќе бидат задолжителни за сите патници кои доаѓаат од ризичните земји, вкупно шеснаесет, јавува МИА.

Одлуката за заострување на мерките за влез на француска територија е донесена на последната седница на Советот за одбрана, посветена на ширењето на коронавирусот во светот.

Оваа општа мерка за тестирање на патниците при пристигнувањето на аеродромите, премиерот Кастекс ја најави поради тешкотиите да се направат тестови во одредeни земји. Оваа мерка се однесува на патниците кои доаѓаат од 16 земји ставени на „црвената листа“, Северна Македoнија не е на оваа листа, но тука се соседна Србија, Црна Гора и Турција, меѓу другите.

За француските државјани кои живеат во овие земји и кои исто така имаат главно живеалиште во Франција, исто така, ќе бидат задолжителни тестовите.

Шефот на француската влада, исто така, ги посоветува сограѓаните да не патуваат во Каталонија, шпанската област на границата со Франција, каде епидемијата се разгорува во последните недели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили