Паметни клупи на кејот на Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци

Од:

Паметни клупи се поставени на кејот на реката Луда Мара и во градскиот парк во Кавадарци.

Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со приклучоци за полнење на батериите на сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет.

-Проектот за поставување на паметни клупи е во завршна фаза. Поставени се две од предвидените пет клупи. Во наредната фаза ќе се постават паметни клупи во Паркот на револуцијата, СЦ Јасмин и на просторот кај споменикот 12 Ваташки младинци.

Дополнително, ќе се постават уште три клупи кои се обезбедени како донација. Проектот е со финансиска вредност од 280.000 денари а изведувач е фирмата „Метал Апостолов”, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он