ВИДЕО: Суспендиран советникот на Чулев кој нападна началник, МВР му поднесе и кривична пријава за насилство

Од:

Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер Наќе Чулев, доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола при МВР за нападот на началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, во текот на изборниот ден.

Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска, вели дека министерството ги завршило проверките и констатира дека советникот сторил кривично дело насилство.

Пријавата против Ѓорѓиевски е веќе поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, односно, Одделението за гонење на сторени кривични дела од лица со полициски овластувања. Истовремено, според Петровска, против државниот советник Ѓорѓиевски е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.

Инаку, инцидентот кој се случи на изборниот ден во Тетово, започна со вербална расправија, па продолжи со физичка пресметка, која се гледа и од објавените видео снимки. Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот минситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и пцости од советникот на Чулев кога го напаѓа командирот.

Советникот Ѓорѓиевски ѝ е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Но, Ѓорѓиевски досега не е казнет за тој инцидент, а од Кабинетот на Чулев тврдеа дека Одделот за внатрешна контрола не утврдила одговорност кај советникот. Тие додаваа дека му посочиле на советникот во иднина на внимава на своето однесување.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он