Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп во пресрет на реванш-полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, најави офанзивна игра и покрај големата предност остварена на првата средба.
– Нема да се браниме иако за противник го имаме Реал кој со поддршка на публиката ќе се обиде од самиот почеток да наметне иницијатива и притисок кон нашиот гол. Ние ќе ја играме нашата препознатлива игра, а таа е кога напаѓаме, сите напаѓаме, кога се браниме, сите се браниме. Во Мадрид мораме да покажеме храброст, изјави Клоп.
Реванш натпреварот од првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите ќе се одигра во Мадрид вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути.
На првиот дуел во Дортмунд, Борусија го победи Реал со 4:1.
Вториот финалист ќе се добие по утрешниот натпревар Барселона – Баерн Минхен. И на овој меч германскиот претставник влегува со убедлива предност (4:0) од првата средба одиграна во Минхен.