По 12 дена лекување денеска нова жртва му подлегна на вирусот на птичји грип во Шангај, со што бројот на смртни случаи од оваа болест во Кина од март, па досега достигна 25 лица.
Потврдените случаи на заразени луѓе се над 100, а во последните денови болеста се шири и во други кинески провинции, меѓу кои Фуџијан и Хунан.
Според СЗО станува збор за најсмртоносниот тип на вирус кој се шири многу побрзо од претходниот во 2003 година кога починаа стотици луѓе ширум светот.