Индија: Произведен првиот паметен телефон за слепи и лица со слаб вид!

Од:

Пораката на екранот на овој мобилен телефон веднаш ќе се претвори во „допирлива содржина“ напишана со Брајово писмо. Цената на овој телефон штом ќе се појави на пазарот ќе изнесува 185 долари.

Благодарение на експертите од Центарот за иновација, инкубација и претприемништво во индискиот град Ахмедабад, слепите лица и оние со слаб вид наскоро на своите паметни телефони ќе можат да ја прочитаат електронската пошта и пораките.

Станува збор за првиот “смартфон” на светот кој добиениот текст или апликација на екранот веднаш штом ќе ги прими ги претвора во Брајово писмо.

– Екранот, на чиј модел работевме полни три години, го прилагодивме за слепите и луѓето со слаб вид – изјави индискиот научник Сумит Дагар и додава дека новиот паметен телефон за кој сеуште не измислиле име би требало да ги има сите елементи на сегашните паметни телефони.

– Ќе се поврзува на интернет а слушалките и силните звучници ќе бидат стандардна опрема на овој телефон –додава Дагар кој се надева дека нивниот пионерски апарат чиј прототип се испитува на Институтот за очи во индискиот Хјудерабаду ќе се најде во продажба, до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ