Лидс на Алиоски се врати во Премиер лигата по 16 години

Од:

Тимот на Лидс Јунајтед, каде настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, обезбеди место во англиската Премиер лига за следната сезона. Ова стана извесно по вечерашниот пораз на Вест Бромвич Албион од Хадерсфилд со 2:1.

Лидс се враќа во елитата на англискиот фудбал по 16-годишна пауза.

ВБА загуби во 45. коло од Чемпионшип и остана на второто место со 82 бода, без можност да го стигне Лидс кој има 87 поени на 44 натпревари.

Теоретски, Брентфорд сепак може да го стори тоа (81 бод на 44 натпревари), но во секој случај, двете најсилни шампионски екипи ќе добијат директен билет во Премиер лигата.

Лидс Јунајтед е трикратен шампион на Англија, победник на Купот на земјата и Лига купот, двократен победник на Суперкупот на Англија. Тимот исто така двапати го освои Купот на Саемските градови, беше финалист Купот на УЕФА и на Купот на европските шампиони, а во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига