Десет отсто од заразените од коронавирус во светот се медицински лица

Од:

Повеќе од 1,3 милиони лекари и медицински лица ширум светот се заразени со новиот коронавирус, соопшти Светската здравствена организација.

– Досега, околу 10 проценти од сите случаи на Ковид-19 во светот се меѓу медицинските работници, нагласи шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на денешната прес-конференција во Женева.

Според организацијата, во светот има 13,4 милиони инфекции.

– Лекарите и медицинските сестри не само што го ставаат во опасност својот живот, туку многу од нив исто така доживуваат физичко и психичко исцрпување од исклучително стресната работа за време на пандемијата, рече Тедрос.

– Сите ние им должиме многу на здравствените работници, додаде тој.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа