Самсунг планира наскоро на пазарот да претстави смартфон Галакси С4, кој ќе биде отпорен на вода и нечистотија.
Јужнокорејската компанија планира за неколку недели да претстави издржлива верзија на Галакси С4.
Според „Волстир џурнал“ Самсунг наскоро ќе претстави цврст, водоотпорен и издржлив на прашина Галакси С4, кој ќе биде познат како С4 Актив.
Се очекува Самсунг да ја прошури понудата со мини верзија на Галаски С4, како што беше случајот со Галакси С3 минатата година.