ОН ги повика богатите земји со 10 милијарди долари да им помогнат на сиромашните против коронавирусот

Од:

Поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега беше „во голема мера несоодветна“, изјави претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок, повикувајќи ги богатите земји да донираат повеќе.

Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и Латинска Америка, за спречување на ширењето на коронавирусот.

-ОН во март побараа две милијарди американски долари и потоа во мај 6,7 милијарди американски долари, а досега добија само 1,7 милијарди долари, рече Лукок, пренесен од британските медиуми.

Тој на членовите на Г20, чии министри за финансии утре ќе имаат виртуелен состанок, им порача дека сега треба да издвојат повеќе или „да ја платат цената подоцна“.

-Одговорот на богатите земји досега беше во голема мера несоодветен и опасно кратковид, рече Лукок.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство