Контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели се истакна со нова глупост, понудувајќи им ја својата девојка на сите фудбалери на Реал Мадрид, под услов „кралевите“ да обезбедат пласман во финалето на Лигата на шампионите.
Супер Марио е толку убеден дека четата на Жозе Мурињо нема шанси да успее да го надмине дефицитот од 1-4 од првиот полуфинален дуел против Борусија Дортмунд, па одлучи да се подбива со нив, упатувајќи им непристоен предлог, но притоа ставајќи ја во многу незгодна ситуација својата сакана, атрактивната Фани Негуеша.
– Ако се пласираат во финалето, сите фудбалери на Реал може да спијат со мојата девојка – гласи најновиот бисер на Балотели.
Реванш пресметката на „Сантијаго Бернабеу“ е утревечер од 20:45 часот, кога ќе биде познато дали резилот на Балотели ќе биде уште поголем.