ОН: Коронавирусот ги загрозува програмите за вакцинација на децата

Од:

Обединетите нации предупредија на алармантен пад на вакцинациите на децата поради пандемијата на коронавирус, најавувајќи дека веројатноста едно сега родено дете да прими вакцина пред својата петгодишна возраст е помала од 20 проценти.

Според истражувањето спроведено од Организацијата на ОН за заштита на децата – УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО) и ГАВИ, повеќе од 82 држави анкетирани во мај пријавиле дека кампањата за вакцинирање им е прекината поради коронавирусот, пренесува Бета.

Истражувањето, исто така, открило дека кампањата во повеќе од 30 држави била доведена во опасност од прекинување, што може да го влоши избувнувањето на многу заразна болест.

Пред пандемијата, речиси 14 милиони деца ширум светот не примиле вакцина, а повеќето од нив биле од Африка.

Сега за здравствените работници стана уште потешко да даваат вакцини затоа што се пренасочени кон запирањето на пандемијата.

И покрај фактот дека вакцините во некои земји се уште се достапни, таму родителите се плашат да ги одведат своите деца во здравствените установи заради коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство