Писмо од Мицкоски: Не ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе бидеме подобри од оние досега

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во пресрет на гласањето на изборите испрати отворено писмо до јавноста во кое ги повикува граѓаните да гласаат бидејќи, како што вели, нивниот глас ги менува работите.

– Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам. И нема идеална влада. Јас не ви ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе работиме макотрпно и дека сигурно ќе бидеме подобри од оние што сте ги гледале досега. Зашто ниеден успех не дошол без труд и многу пот, многу откажувања и упорност. И не е коцкање ако изберете некој непознат кој ветува успех, но е прокоцкување на сопствената иднина кога му давате втора шанса на некој кој продолжува да губи и да ве разочарува, пишува Мицковски во писмото.

Посочува дека постојат многу причини народот да не гласа за актуелната власт и оти мора да се обнови земјата економски, политички и општествено.

– Како човек и како личност со име и чест врз која се потпира моето име, се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе подобрувања во првите сто дена од новата влада. Се обврзувам пред работниците да добијат поголеми плати, пред невработените да им обезбедиме работа која ќе им овозможи пристоен живот и извесност. Пред пензионерите се обврзувам да добијат повисоки пензии и помалку грижи во миговите од животот кога мирот им е најпотребен. Пред земјоделците да имаат платен труд, конечно да бидат свои на своето, а пред стопанствениците се обврзувам да обезбедиме пониски трошоци за правење бизнис, помалку даноци за државата, а повеќе пари за работниците. На младите им велам доаѓаат подобри времиња. Се обврзувам да обезбедиме општество ослободено од политички притисоци, кое ќе се темели на европските вредности и правда. Македонија е Европа, а заедно ќе ја направиме и членка на ЕУ, вели Мицковски.

Ветува дека ќе се бори за правда и сите да бидат еднакви пред законите, а принципите и вредностите да станат начело по кое ќе се раководат политичарите.

Гласот за помалите партии, според Мицковски, е глас за власта.

– Државите се градат низ многу искушенија и големи одлуки. Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство, но и на иднина кои сами ќе ја изградиме. Нашата земја е нашето светилиште околу кое ги градиме нашите судбини, а доаѓа денот кога одлучуваме за нив. 15 јули не е само датум, туку крстосница, меѓник на кој одлучуваме за иднината на нашата земја, за нашите семејства, за вашите деца, за идните генерации. Донесете одлука за себе, за Македонија. А јас се обврзувам дека со целата моја енергија, срце и волја ќе се вложам и нема да ве разочарам, вели Мицковски на крајот од писмото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски