Euronews направи 6-минутна репортажа за Скопје. Нивниот репортер коментира: Иднината е во минатото.
Новиот изглед на Скопје, вели не остава никого рамнодушен, иако не секој може да се согласи со овој стил и нео-класичната архитектура.
„Ако имате големи претци и не ги преточите во реалноста, тогаш правите нешто лошо не само за нив туку и за иднината“, вели архитектот Вангел Божиновски, кој дизајнираше дел од градбите од проектот“.
Божиновски објаснува дека барокните градби во Скопје биле урнати, оштетени и запалени на крајот на 17-от век. Скопје вели, бил првиот град со барок во Отоманското царство и ова е обид повторно да се оживее тоа време.
Во репортажата е посочена и Мајка Тереза која е родена во Скопје и новиот 30 метри висок споменик, подарок од индискиот милионер Субрата Рој.