Грчки медиуми ги вратија парите добиени од владата за информативна кампања за коронавирусот

Од:

Медиумската групација „Алтер его” на грчкиот бизнисмен Вангелис Маринакис, како и неколку регионални информативни портали, соопштија дека ги враќаат финансиските средства добиени од грчката Влада за кампањата „Остануваме дома”, за информирање на граѓаните за превенција од коронавирусот на почетокот на пандемијата и во периодот додека земјата беше во карантин.

Од „Алтер его” во чија сопственост се, меѓу другото и весниците „Та неа” и „То вима” и телевизијата „Мега”, изјавија дека сакаат да ја изразат нивната независност, не се согласуваат со методот на распределување на финансиските средства, додавајќи дека вчера ги вратиле парите и побараа од Владата, вратените средства да ги достават до семејствата на невработените медиумски работници.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека доколку медиумите ги вратат парите, ќе одат во државниот буџет. Телевизии, радија и сајтови, вкупно 1.232 грчки медиуми добија финансиски средства од Владата во висина од 20 милиони евра за кампањата „Остануваме дома” согласно листата што во понеделникот ја објави портпаролот на грчката Влада.

Листа предизвика реакции во јавноста и наиде на критики за начинот на кој биле распределени средствата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески