Ловечката федерација на Македонија упати отворено писмо до политичките партии

Од:

Ловечката федерација на Македонија денеска упати отворено писмо до сите политички партии кои се борат за влез во Законодавниот дом со цел, како што велат, да укажеме на проблемите со кои се соочува ловството во Македонија.

Од Ловечката федерација бараат донесување на новиот закон за ловство. Со овој закон, како што се наведува, ќе ги добијат следните придобивки: промена на моделот на доделување на ловиштата, односно укинување на доделување на ловиштата по електронски пат, враќање на надлежностите на Ловечката Федерација на Македонија за организација и едукација при полагање на ловечки испит, статус ловец со задолжително членување на сите ловци во Ловечката Федерација на Македонија, организирање на изложби на ловечки трофеи, ловно спортско стрелаштво, ловна кинологија итн.

Ловечката федерација бара и измени на законот за оружје, при што, како што велат, ќе се поедностави постапката за добивање на одобрение за набавка на ловечко оружје. Бараат и измени на законот за спорт, со кои покрај постојната стрелачка дисциплина TRAP, ќе се воведат уште три нови стрелачки дисциплини, и тоа: SKIT, DUBLE TRAP и SPORTING и сите четири стрелачки дисциплини законски да припаднат под Ловечката Федерација на Македонија.

Меѓу барањата се и намалување на надоместокот за рецензија на ловностопанските основи за 50 отсто и анекс на договорите кои истекуваат за сите ловишта и нивно продолжување се до распишување на нов оглас за нивно доделување, за да нема прекин во стопанисувањето со ловиштата.

Би можело да ве интересира

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

Заев се сретна со ловџиите, се согласија дека е потребен нов закон

Жарко Настоски

Боцвана повторно дозволи лов на слонови

Ловџија се здобил со прострелна рана при лов

Наум Локоски

Штипскиот регион атрактивен за странските ловџии

Ана Ололовска

Кривична пријава за политичарите кои се фотографирале со убиените диви свињи во „Јасен“

Ана Ололовска