Заев се сретна со ловџиите, се согласија дека е потребен нов закон

Од:

Потребата од нов закон за дивеч и ловство, како и од измени на Законот за оружје во делот на овластувањата на ловџиите за поседување оружје, беа само некои од темите на вечерашната средба на премиерот Зоран Заев со претставниците на Ловечката федерација на Македонија.

На средбата на која присуствуваше и претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, е изразена заедничка согласност дека дивечот е делумно обновлив извор и дека во рамките на активностите за заштита на животната средина, важна е и грижата за дивечот и за ловиштата во земјава.

-Премиерот изрази поддршка на заложбите на Ловечката федерација за доуредување на ловството во нашата држава, а претставниците Ловечката федерација му заблагодарија на претседателот на Владата за отвореноста да ги сослуша, како и за поддршката за законско доуредување на дејноста, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски