Властите во САД планираат да ја забранат кинеската апликација ТикТок

Од:

Американските власти имаат намера да ја забранат популарната кинеска апликација ТикТок на територијата на САД, изјави денеска државниот секратар Мајк Помпео за телевизијата „Фокс Њуз“.

Според достапните информации, апликацијата во САД ја употребуваат повеќе од 30 милиони корисници.

Повеќе земји, како Индија и Велика Британија, повикаа на забрана на кинеските мобилни апликации, откако се појавија сомневања дека некои социјални мрежи се занимаваат со пропаганда и предавање информации за корисниците на властите во Пекинг.

-За нас ова е сериозна работа и точно е дека го разгледуваме прашањето во однос на кинеските апликации инсталирани на телефоните на луѓето, ве уверувам дека САД ќе преземат соодветни мерки, изјави Помпео.

Изјавата на Помпео доаѓа откако минатиот месец, илјадници тинејџери се организираа преку ТикТок за да го минираат првиот предизборен митинг на претседателот Доналд Трамп во Талса, Оклахома. Тинејџерите резервираа голем дел од билетите за изборната конвенција, а потоа не се појавија на настанот, што резултираше со голем број празни седишта во публиката.

Вашингтон веќе објави дека кинеските технолошки компании „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ се закана за националната безбедност на земјата. Инаку, властите на Индија на 29 јуни блокираа 59 апликации развиени во Кина меѓу кои е и Тик-Ток бидејќи мрежата „влијаела погубно на суверенитетот и безбедноста на земјата“.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел